Игор Андреевски е автор на своите песни

Најголема инспирација за творење добива во доцните часови. Игор Андреевски покрај тоа што е талентиран пејач, тој е и автор на своите песни.

Младиот и талентиран пејач, Игор Андреевски освен тоа што поседува извонреден глас, тој има талент за творење на музика. Игор за естрадниот магазин “Естрада плус”, открива во кој дел од денот има најголема инспирација за творење нови песни.

-Најголемата инспирација ми доаѓа во доцните часови, но не мора да значи. Се случува во некои 15-тина минути до пола сат инспирација, каде што седнувам и пишувам. Ритамот кој што ми доаѓа во глава го зачувувам со нотирање. Ги запишувам сите, дали било текст или музика, ги нотирам, ги запишувам за да не ми избега мислата додека ја памтам да ја запишам.-раскажува Андреевски, во интервју за ИН ТВ.

Игор студира на Музичката Академија во Скопје, инструментален отсек пијано, каде што му преостанува уште една година до неговото дипломирање. Како што вели во интервјуто талентот за пеење е наследен од неговата фамилија.

-Како што спомнав и при моето претходно гостување во ИН, фамилијата по татко ми се музикални, но професионално со музика се занимаваат фамилијата по мајка ми. Моите дедо и баба пред се. Потекнувам од музичка фамилија, да.-додава младиот пејач.

Деновиве во студиото на ИН Продукција, Игор ja промовираше неговата четврта по ред авторска песна која е насловена “Кинисала млада Петранка“ , но и една преработка на македонската народна песна “Мене ме изгоре мамо Зорето”.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*