Татјана Лазаревска работните денови ги поминува во дружба со најмладите

Во Австралија, од понеделник до петок се дружи со најмладите. Фолк пејачката Татјана Лазаревска не го криеше задоволството од нејзината работна позиција како воспитувач во градинка во Мелбурн. Таа вели дека викендите ги чува за дружење и настапи со тамошните музички колеги.

Познатата фолк пејачка Татјана Лазаревска помина доста убав период во нашата земја, но сепак таа мораше да се врати во Австралија, поточно во Мелбурн каде што живее заедно со нејзиниот сопруг Новица и двата сина. Како што истакна при неодамнешното интервју за ИН ТВ, Татјана од понеделник до петок се дружи со најмалите, односно работи како воспитувач во градинка.

-Продолжувам на моето работно место. Инаку, јас работам како учителка во градинка, работам фул тајл или што би се рекло од понеделник до петок. Се дружам со најмалите суштества на овој свет, си се дружиме со песна, со убава енергија, си се чуваме.-раскажува Лазаревска за естрадниот магазин Естрада плус.

Секако, Татјана не би била таа, ако не одвои време за настапи, пеење и дружење со нејзините колеги во Мелбурн. Таа на кратко ни претстави и дел од нејзината агенда во месец септември.

-Викендите се секогаш резервирани за дружба со моите музички пријатели. На 1-ви септември ме чека една преубава свадбена веселба во еден преубав замок во Мелбурн и тоа е за мене еден голем предизвик, а на 6-ти исто имаме еден настап во Македонското училиште, знаат нашите македонци. Имаме 35 години јубилеј, слави тоа училиште и ете јас ќе бидам дел од таа забава. Потоа на 21-ви септември имаме Скочивирска вечер во Сиднеј, па потоа Прилепскиот бол во Сиднеј со Новица го пееме и да не набројувам повеќе, има доста настапи, многу дружби.-додава пејачката при интервјуто за ИН.

Инаку, Татјана престојот во Македонија го искористи и за снимање на видео за песната “Инстаграм”, а спотот премиерно беше претставен деновиве на сателитската ИН ТВ.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*