“Легато бенд” во преговори за снимање нов проект

“Легато бенд” во преговори за снимање на нов заеднички проект. Сеуште не откриваат за што точно станува збор, но сепак добро е тоа што веќе се крчка нешто ново.

“Легато бенд” од Мелбурн важат за доста искусни музичари и големи амбасадори на македонската песна ширум Австралија. Некои од членовите летниот период го поминаа во родната земја Македонија, па престојот го искористија да ни гостуваат во студиото на ИН ТВ во Охрид. Еден од нив е Круме Милески кој што потекнува токму од Охрид. Тој вели дека за периодот кој следи, ангажманите ќе бидат во поголем број.

-Ова е послаб период таму и сите македонци се во Македонија или во другите држави на одмор. Таму е зима и сепак да ја избегнеме зимава, ние си дојдовме дома. За некој период се враќаме во Австралија и продолжуваме со ангажманите на свадби и останати прослави.-истакна музичарот при неговото гостување во ИН Продукција.

Милески ни откри дека заедно со неговиот бенд планираат да снимат нов проект, но и не го криеше задоволството од соработката со екипата на ИН ТВ.

-Да, секако дека подготвуваме нешто ново, засега ќе оставиме како мала тајна. Со Ване сме во некои преговори, така да ќе работиме на нов проект и баш ми е драго. Ова е  нашата куќа ИН ТВ и поздрав до сите наши македонци кои се ширум светот. Сигурно не гледаат и во Америка и Канада, низ Европа, а најповеќе во Австралија. Затоа што ИН ТВ сепак ги има донесено македонците најблиску до Македонија, покрај музиката, секојдневните интервјуа со сите естрадни уметници. Уште еднаш ќе ви кажам БРАВО и едно големо признание до Вас и ако не постоите вие, нема да постоиме ни ние.-додава Милески, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Круме заедно со неговите сограѓани од Охрид, Милован Секулоски и Џеват Рамаданоски, во студиото на ИН Продукција пред само краток период претставија дел од нивниот заеднички проект кој се состои од добро одбрани македонски изворни песни.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*