Британците ја нападнаа Рита Ора поради “прежешкиот“ фустан

Откако во Хрватска во полупразна сала заработила околу 200.000 евра, а потоа на фановите ги излажала дека на концертот во Задар имало околу 60 илјади луѓе, Рита Ора сега повторно е во центарот на внимание.

Преубавата пејачка на доделувањето на GQ наградите за маж на годината се појавила со изглед кој сите мажи во салата ги оставил без здив, но покренала и лавина реакции.

Рита на доделувањето на наградите се појавила во црн, сексапилен, проѕирен фустан и подвезици. Црна чипка, градник и чорапи – никој не може да остават рамнодушен, а Британците на порталите ја изрезилиле една од тамошните најпознати ѕвезди.

„Зошто пејачката се облекла како “ноќна дама““ – прашал некој од дежурните коментатори на „Daily Mirror“, а другите додале дека ова е изглед за амстердамските излози.

На многумина од фановите на оваа русокоса пејачка изгледот им се допаднал и сметаат дека токму тој одлично ја нагласува нејзината фигура и сексапил.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*