Џеват Рамаданоски најавува албум со преработка на македонски изворни песни

Џеват Рамаданоски пред извесно време промовираше две инструментални дела кои се преработка на познати македонски песни, а се снимени во Австралија. Покрај аудио, за овие инструменталки беа изработени и видео записи.

Големиот виртуоз на виолина, кој што воедно е и дел од познатите група “Чардак”, Џеват Рамаданоски, при неговата турнеја во Австралија во текот на минатата година, успеа да сними две инструментални дела. За овој проект, како што вели тој му помогнаа негови соработници од Австралија.

-Да ги потсетам гледачите дека минатата година имав можност во Австралија да обработам две теми, инструментални, Налеј налеј и Со маки сум се родил”. Тие ги снимивме и за истите инстументални изведби следуваше и видео запис. Ќе ги поздравам дечките од М16 продукција, Беби Зекироски и Омер. Дел од проектот беше и Петар Јованов, тој свири на пијано.-истакна познатиот виолинист, при гостувањето во ИН Телевизија.

Рамаданоски е во план да состави и албум со повеќе вакви преработки, но не ја исклучува можноста цд-то да биде само со овие две инструменталки кои звучат навистина извонредно.

-Имам желба, албумот да прерасне со уште неколку инструментални изведби, меѓутоа можно е да остане и како албум од две нумери, како еден сувенир од Австралија, односно како еден проект.-додава тој, за естрадниот магазин Естрада плус.

Деновиве, во студиото на ИН Продукција, Џеват, Милован Секулоски и Круме Милески претставија дел од нивниот заеднички проект кој што е отсвирен и отпеан во живо, а се состои од познати македонски изворни песни.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*