Шон и Камила не требало заедно да ја пеат „Сењорита“ ?!

Би била вистинска штета доколку оваа песна не ја снимаа тие двајца…

По оној неверојатен настап на Камила Кабејо и Шон Мендес на доделувањето на VMA наградите на сите им јасно дека хемијата помеѓу нив е прејака. И дека се навистина заедно, иако тоа се уште официјално не го потврдија.

Но, малку се шокиравме кога дознавме дека тие двајца не ни требало да ја снимаат „Сењорита“ заедно… бидејќи не можеме да замислиме кој би бил подобра спојка за таа песна.

„Мислам дека идејата за песна ми ја испрати минатото лето и ме праша дали сакам да го направам тоа со него. Ми беше кул и неколку месеци размислував што да правам. Во еден момент ќе си речев: „Океј, треба да го направам тоа“,  а веќе во следниот се премислуав: „Или можеби не треба?“, раскажа Камила за Вог.

На крајот, за среќа, победила позитивната страна, а се останато е историја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*