Запросување на “Лешочки Фолк Фест”

Сашо Костадиновски, член на трио Кладенец, ја запроси неговата девојка веднаш по нивниот настап на Лешочки Фолк Фест.

На 27-ми август во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица се одржа Лешочкиот Фолк Фест. Како што веќе напоменавме и претходно, на фестивалот и годинава имаше многу дружење, љубов и среќни моменти. Доказ за тоа е и храбриот подвиг на младиот Сашо Костадиновски, член на триото Кладенец, кој што овој убав настан го искористи да ја запроси својата девојка, пред многубројните гости на ова свето место во Лешок.

Камерите на ИН Телевизија го забележаа овој момент, па во продолжение погледнете како изгледаше сето тоа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*