Стевче Јовановски одморот во Македонија го искористи за снимање на три видео записи

Одморот во Македонија го искористи за снимање на нови музички дела. Стевче Јовановски кој живее во Мелбурн, во соработка со ИН Продукција сними три нови видео записи. Снимањето се одвиваше во Прилепскиот регион.

Познатиот виртуоз на дувачки инструменти Стевче Јовановски, кој живее и работи во Мелбурн, Австралија, одморот во Македонија го искористи за снимање на три нови инструментални дела, за кои се изработија и видео записи.

-Снимивме три видео записи за моите нови музички дела. Снимањето помина во одлична атмосфера заедно со екипата на ИН, а се одвиваше на неколку локации во Прилепскиот крај. Се надевам и очекувам овие инструментални  дела да бидат добро прифатени од јавноста, затоа што се изработени со многу труд и пред се љубов кон македонската музика.-изјави на кратко, Стевче за естрадниот магазин Естрада плус.

Аудиото за инструменталките се снимаше во студиото на Александар Ѓоргевиќ, а видеото е во соработка со ИН продукција. Се очекува, трите видео записи да бидат премиерно прикажани во текот на следните денови на Сателитската ИН ТВ.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*