Марјан Васкоски сними самостоен видео проект

Марјан Васкоски периодов е на одмор во Македонија, но времето го искористи и да сними самостоен видео проект. Станува збор за познати свадбарски песни, а видеото е во соработка со ИН Продукција.

Марјан Васкоски сними нов видео проект кој се состои од добро одбрани познати свадбарски песни. Во снимањето на видеото се вклучени неколку музичари кои важат за негови блиски соработници.

Инаку, видео проектот се снимаше во Етно ресторанот “Дедо Димо” кој се наоѓа во село Куратица во Охридскиот регион. Проектот е во соработка со ИН Продукција, а истиот ќе бид промовиран и емитуван на сателитската ИН Телевизија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*