Енергична како и секогаш-Татјана Лазаревска сними модерен спот за песната “Инстаграм”

Татјана Лазаревска во студиото на ИН ТВ, сними спот за нејзината најнова песна која носи наслов “Инстаграм”. Таа се надева дека песната ќе биде прифатена од публиката посебно од помладата популација, бидејќи како што кажува и самиоѕт наслов се работи за помодерна тема, со интересен и енергичен ритам.

Една од најпознатите фолк пејачки во Македонија, која зад себе има бројни хитови, Татјана Лазаревска, престојот во Македонија меѓудругото го искористи и за снимање на две нови песни. Таа деновиве сними спот за песната “Инстаграм”, која е во доста интересен и помодерен ритам.

-Снимивме спот во студиото на ИН ТВ, заедно со нашиот драг Ване Петкоски и целата негова екипа за песната Инстаграм, јас сум презадоволна од материјалот, а знам дека и вашата екипа е презадоволна. Сега се е во нивни раце како сето тоа ќе се измонтира во што и не се сомневам. Веќе во понеделник ќе правиме и телевизиска промоција на националните тв низ Македонија, бидејќи во среда на 28ми си заминувам за Австралија во моето гнездо меѓу моите најмили, кај мојот сопруг Новица и кај децата Петар и Стефан.-вели познатата пејачка, при интервјуто за ИН ТВ.

-За музиката и аранжманот се погрижи мојот драг колега и пред се пријател, Бобан Мојсовски, а текстот е на Горан Тодороски. Идејата за спотот беше моја, заедно со Ване, да бидеме малку поразлични, а јас поготово секогаш сакам да изгледам различно и нормално се трудам да бидам. Охрид е преубав за снимање има преубави места еве како и денес тука, но бидејќи звукот и песната се малку помодерен, а и самиот наслов Инстаграм, кажува дека се работи за нешто модерно. Така да, решивме да го снимиме внатре во студиото на ИН ТВ. Организиравме женски бенд, статистите беа прекрасни девојки, млади, згодни, убави, енергични од модното студио Шанел. Направивме една убава атмосфера.-додава Татјана за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај оваа песна, Татјана во студиото на ИН Продукција ја претстави и песната “Дај,дај” која што е дело на Селхан Мемедов, а текстот го напиша Горан Тодороски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*