Стефан Ночевски голем виртуоз на труба

Младиот Стефан Ночевски  кој е роден во Ресен, скоро десет  години живее и работи во далечната Австралија, поточно во Мелбурн. Неговата најголема музичка љубов е трубата, која ја негува уште од најраната возраст.

-Започнав да свирам кога имав десет години. Имав желба да свирам труба, од најмали години. Таткоми ме запиша во нижото музичко училиште во Битола. Потоа се запишав во средно училиште во Битола, па заминав за Австралија и таму ги продолжив студиите. Завршив џез академија во Мелбурн, истакнува Стефан.

Стефан своите професионални ангажмани на овој инструмент ги има веќе од својата 16-та година, кога започнал да свири во групата “Персиди”.

-Таткоми беше хармоникаш во таа група и ме земаше да учам да свирам. Можам да кажам дека од 16 години почнав да свирам и настапувам како трубач, додава Стефан.

Периодов, додека Стефан е во нашата земја, бележи бројни музички ангажмани заедно со мега популарниот Благојче Стојановски Туше, на голем број свечености каде што се барани. Помеѓу другото Стефан свири и со неколку српски бендови во Мелбурн, свират свадби но и настапуваат во клубови. Исто така тој многу добро се снаоѓа и во џез правецот со оглед на факгтот што завршил токму џез академија.

Стефан е дел, односно се појавува и во најновиот видео запис на Благојче, за новата песна “Ех, што љубам едно девојче”, која полека но сигурно веќе постанува слушана и прифатлива од страна на публиката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*