
Кристина Бела е по потекло од Романија, но живее во Америка и пее на српски јазик. Таа неодамна во соработка со ИН продукција сними и нов видео запис, за нејзината нова песна која исто така ја пее на српски јазик “Халина чежње”. За тоа зошто Кристина пее на српски јазик, открива самата таа.
-Кога бев дете многу ја сакав српската музика. На радио по цел ден слушав само српска музика, па така дојде покасно да зборувам српски и да пеам и низ песната да знам што кажувам и да го научам јазикот, истакнува Кристина.
Помеѓу другото Кристина открива и тоа дека најповеќе ја слушала народната песна, но и забавната со која првично започнала да пее.
-Започнав првично со забавната песна, пеев забавно кога бев млада. Потоа американска музика, француска, италијанска , секаква, но најповеќе ме привлече српскиот мелос, додава Кристина.
Сепак како што вели пораснала со “Јужни ветар”, но ја сакала и Шемса и ги знаела сите нејзини песни напамет. Кристина прланира и понатака да создава и пее српска музика, бидејќи тоа ја исполнува во целост.
Leave a Reply