Можам цело лето да бидам зафатен но повеќе преферирам да бидам со семејството, вели Благојче Стојановски Туше

Неговите работни ангажмани се бројни преку целата година. За него не важи девизата дека треба да дојде лето за да се преработи, туку напротив постојано е баран насекаде. Мега популарниот Благојче Стојанвски Туше, летниот период е буквално без застој и успева да стигне на сите места.

-Полна е агендата. Одбирам каде ќе бидам. Можам цело лето да бидам зафатен секој ден но повеќе сакам да поминувам време со фамилијата, тоа ми е приоритет, а потоа другото. Досеа бев доста зафатен, сега и во август имам доста свирки, истакнува Туше.

Следниов месец, во септември Благојче заминува за Данска и од таму заминува за Австралија.

-На 7ми заминувам за Данска, ќе останам 2-3 дена таму и на 10 заминувам за Австралија, каде ќе останам две недели и на 23 септември сум назад во Македонија, додава Туше.

Туше открива и тоа дека и оваа година неговиот Новогодишен ангажман ќе биде повторно во Австралија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*