Возобновување на “Тумба фест” од следниот месец

Следниот месец, септември ќе следи возобновување на кумановскиот фестивал на хумористични песни “Тумба фест”. Притоа, како што истакнува познатата Анета Наковска таа се подготвува за настап на ова фестивалско издание со како што вели една доста интересна и хумористична песна. Додава и тоа дека овој фестивал неодстасувал многу низ годините наназад, со оглед на песните кои ги пласира во јавноста.

-Сега се возобнови овој фестивал. Јас бев меѓу првите пејачи кои што бев побарана од страна на управата на фестивалот, бидејќи имав настапувано порано со неколку нумери на “Тумба фест”. Сега имам една нова прекрасна песна, од Игор Трајковски. Во септември ќе се случува годинава, не го знам точниот датум, но тоа ќе биде навистина фантастично , истакнува Анета.

Во меѓувреме Анета ужива во летото и размислува како да ги реализира сите нејзини идеи. Имено, Анета постојано работи на нешто ново.

За човек што си ја сака песната не може да живее без неа и тој твори постојано, вели Анета.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*