Христијан Стојоски го најавува своето првенче , ЦД од нови девет песни

Младиот охридски музичар Христијан Стојоски неодамна го промовираше своето ново музичко дело, песната ансловена “Екатерина”, за која како што вели се пронашол токму во тој музички правец и стил. Инаку Христијан посебно ја преферира и негува македонската народна песна, а периодов е особено максимално резервиран низ бројните музички свечености во охридскиот крај.

-Најчесто сум по ресторани, семејни веселби низ Охрид и околуната, околу Дебарца, охридско-струшкиот регион, истакнува Христијан.

Во зимскиот период Христијан промовираше нова песна “Срце ми гори Јано”, која е посветена на неговата мајка, весела песна која е барана на неговите настапи. Христијан најавува и комплетирање на неговото прво ЦД со уште една нова песна која ја подготвува во периодов кој следува. Новиот албум Христијан го најавува за есенскиот дел, веднаш по завршувањето на летните ангажмани. На новото ЦД планира да се најдат 9 песни. Не ја исклучува можноста да се направи уште едно ЦД со препеани македонски песни во живо, во негова изведба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*