Мартина од Шведска се повеќе ја пее и негува македонската песна

И покрај тоа што Бијонсе претставува нејзина најголема музичка ѕвезда и репер за понатака низ музичките води, сепак младата Мартина се повеќе ја преферира македонската песна. Како што истакнува, уште од најрана возраст во нејзиниот дом се негува и слуша македонската песна и покрај тоа што долги години живее во Шведска.

-Секогаш многу ја слушаме македонската песна дома. Повеќе македонска песна отколку шведска, или англиска музика. Секако во Шведска е гледана и ИН тв, истакнува Мартина.

Неодамна Мартина и Ташко во ИН продукција ја промовираа својата нова дуетска песна,но Мартина не ја исклучува можноста да сними и своја соло песна, секако отпеана на македонски јазик.

-Да, планирам нешто повеќе. Имам и свои песни кои ги пишувам, ама никогаш не сум ги објавила, не чувствувам дека се готови, додава Мартина.

Мартина веќе подолго време ја пее и негува македонската песна во Шведска, па токму од тука произлезе и заедничката соработка помеѓу неа и нашиот Ташко Каранфиловски, кој да напоменеме е чест посетител на бројните настапи пред шведската публика, особено македонците кои живеат во оваа земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*