Александар Ицов најавува нов инструментален албум

Неодамна големиот музички виртуоз на повеќе  инструменти Александар Ицов го сними и промовираше видеото за неговото најново инструментално дело “Шкорушка гајда”, а веќе во периодов кој следува тој најавува и издавање на нов албум со неколку нови инструментални дела.

-Предвидено е да има 10 композиции на новиот албу. Сега имам 4, па уште 6, ќе има неколку преработки, три или четири преработки и  уште две нови композиции, истакнува Александар.

Инаку, Александар е вистински виртуоз на повеќе музички инструменти. Хармоника, гајда, кавал, зурла, тамбура, се само дел од неговиот голем музички инструментален репертоар на кој е доста умешен при нивната изведба. Сепак, како што истакнува самиот засега е доволно тоа што ги свири овие инструменти, бидејќи секој инструемнт е приказна за самиот себе.

Александар во летниот период е максимално ангажиран со бројни музички настапи, каде почесто може да се најде во придружба на оркестарот “Корона” од Штип. Како што нагласува Александар, веќе четврта година по ред за Нова година настапува во Германија во заедничка соработка со оркестарот, при што и оваа година нивното место е веќе реервирано во оваа европска земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*