“Фаворити” Гостивар со нов видео музички проект

Гостиварската група “Фаворити” изминатиов период изработија нов музички видео проект. Имено, како што истакнуваат од групата, аудиото е снимено во студиото на Томи Димоски од група”Фидбек” Скопје , а проектот е  отпеан во живо.

Што се однесува до видеото , тоа е направено од нивна страна со помош на како што велат еден камерман од Гостивар во ресторанот Мон Блан.

Целиот проект се состои од два кратки блока кавер верзии на песните “Ружо румена” и “Еј, кафано”. Вториот дел од проектот се состои од песните “Дотако сам дно живота” и “Вино точим”. Исто така вметната е и песната “Ако те питају” од Петар Грашо.

Периодов “Фаворити” Гостивар се со полни раце работа, односно постојани работни ангажмани на бројните свадбени свечености во гостиварскиот крај.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*