Ташко Каранфиловски најбаран на бројните свечености во преспанскиот крај

Оваа година е можеби најработна за него. Како што самиот вели најбурно лето, но спак ќе издржи. Младиот Ташко Каранфиловски е постојано баран на бројни свадбени свечености но и црковни прослави.

-Млади сме, ќе издржиме. Навистина доста свирки, доста бурни ноќи, но сепак тоа е во позитивна смисла. Убаво е да се дружиш со позитивни луѓе пред се, музиката дава голема позитивност  и навистина ми е задоволство што пеам и ги забавувам луѓето. Цело лето имам доста настапи, свадби, кршетвки, фамилијарни веселби, родендени. Доста сум застапен и по манастирските прослави низ нашата преубава Преспа. Поминуваме прекрасно, исто така неколку свирки има во Кичево, Битола, прекрасно е. Се надевам дека уште овој месец ќе истуркаме, станува се понапорно, но потоа следува малку и одмор, истакнува Ташко.

Неодамна Ташко заедно со својата музичка колешка Мартина од Шведска, ја промовираа новата дует песна која  е насловена “Се што имам” за која најавија снимање и на видео запис.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*