Сашко Ристески од најмала возраст се дружи со хармониката

Познатиот хармоникаш Сашко Ристески долго време се дружи со својот инструмент хармониката. Како што истакнува неговата љубов кон овој инструмент е од најрани години.

-Од пет години се дружам со хармониката и имам преголема желба кон овој инструмент. Друг инструмент не би ни пробал да свирам, истакнива Сашко.

Неодамна , Сашко во соработка со Пеце Стојчевски го промовираа инструменталното “Другарско оро”, кое наишло на доста позитивни критики и реакции.

-Реакциите се интерессни и доста прифатливи. Од Пеце малку оекуваа да издаде нешто негово солистичко, така да се очекува да излезе неешто ново , додава Сашко.

Покрај тоа што Сашко во неколку наврати промовираше свои нови инструментални дела, тој подготвува и други инструментални дела и за останатите музички имиња од естрадата со кои тој бележи соаботка. Неодамна при неговото гостување во ИН продукција Сашко го промовираше неговото ново инструментално музичко парче “Ди вал инструментал”

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*