Познатството помеѓу Кристина и Сања доведе до заедничка соработка со ИН продукција

Кристина Бела која е  по потекло од Романија, неодамна ја оствари својата голема желба , да снии спот во Македонија, поточно во Охрид. За тоа како настананува соработката на Кистина со ИН продукција, таа открива дека нејзината блиска пријателка во Македонија која е веќе докажано музичко име и близок соработник со ИН, Сања Ристеска, го направила блискиот спој на музичката соработка.

Впрочем Кристина и Сања се блиски пријателки кои се запознале во далечниот Млбурн во Австралија.

-Ќе ја поздравам мојата колешка која ја запознав во Мелбурн, Австралија , се вика Сања Ристевска. Таа ми препорача да дојдам во Охрид и да снимам спот. Ми рече дека екипата на ИН тв најдобро го работат тоа, истакнува Кристина.

Притоа, Кристина не ја исклучува можноста да сними и заедничка, дует песна со младата Сања Ристевска. Нивната средба била пред неколку години во Австралија, кога Кристина отишла во оваа далечна земја на период од три месеци кога нејзината ќерка била на летен распут, но толку и се допаднала таа земја при што останала седум години.

-Потоа морав да се вратам дома, поради мојата мајка и назад во Америка, но наскоро повторно ќе одам во Австралија. Знам дека таму народот многу ме сака. Овојпат сакам да поздравам една другарка која се вика Ирена Ристевска, истакнува Кристина.

Инаку таа недоамна во соработка со ИН продукција сними видео запис за песната “Халина чежње”, која  ја пее на српски. И покрај тоа што таа е романка по потекло, сепак како што истакнува е голем вљубеник во српската музика, која од мали нозе ја слушала а подоцна се одлучила и да пее на српски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*