“Зелени очи” е голем хит но сакав да има и видео запис, истакнува Благојче Стојановски Туше

После долги години големиот хит “Зелени очи” од Благојче Стојановски Туше доби видео запис. Туше одлучи да ја овековчи во уште потрајна видео снимка оваа голема хит песна, бидејќи како што вели песната веќе го има достигнато врвот.

-Песната веќе го има достигнато врвот, па поради таа ззаслуга сакав да ја одбележам со еден видео спот. Интересно го направивме. Песната е веќе популарна, но сакав да има и еден видео запис, едно обележје кое останува за цел живот за таа песна. Таа ми  е прва песна тука во Македонија снимена и една од поголемите успеси мој, покрај “Прашајги свирачите” и таа ми е една од моите најбарани песни, истакнува Туше.

Покрај убавините на преубавиот преспански крај, каде што е снимен видео записот, исто така во спотот се појавува и Туше каде на еден интересен начин ја доловува целата атмосфера на оваа безвременска и еергринска песна.

Исто така Благојче неодамна сними уште еден нов видео запис за неговата најнова песна “Ех, што љубам едно девојче” за која очекува и оваа песна да биде добро прифатена и барана од публиката.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*