На задоволство на нашинците во Австралија-Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд повторно на турнеја

Тие се доста барани и сакани од страна на македонците кои живеат во Австралија, затоа веќе е договорена и нова турнеја. Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд во месец февруари заминуваат повторно во Австралија.

Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд се едни од најбараните музичари, не само во нашата земја, туку и надвор од нашите граници. Тие пред извесен период беа на голема Австралиска турнеја и направија концерти за паметење пред нашите македонци кои живеат таму. Ѓоко Јовиќ при неодамнешното интервју за ИН ТВ ни откри дека веќе имаат понуда за нова турнеја, односно понудата е прифатена и се е договорено за нивните концерти во Австралија во февруари и март.

-Понуда веќе имаме, договорено е се. Февруари и март сме повторно во Австралија. Јас ете користам момент и прилика да си ги поздравам моите пријатели и другари во Австралија, тие веќе се во голем број, а има и многу нашинци кои сега се дојдени во Македонија, така да еве ги поканувам јавно, секој да ми се јави, за тие што знам и за кои што не знам. Сакам да си ги поздравам и да си ги пречекам и јас, како што и тие мене ме пречекаа во Австралија, односно не пречекуваат секогаш. Сега моја желба е и јас да си ги пречекам нив. Иако е многу мал моментот кога сме слободни баш во овој период, но сепак ќе најдам време да се видам со нив.-вели Јовиќ, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Ѓоко пред само краток период ја промовираше песната Мила моја, заедно со спот кој го изработи ИН Продукција. Песната е љубовна, со доста емотивна приказна, а Ѓоко доби низа позитивни коментари за истата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*