„Екатерина“ е насловот на новата песна на Христијан Стојоски

Интро

Христијан Стојоски гостуваше во ИН Продукција, при што ја промовираше неговата најнова песна насловена „Екатерина“. Песната е во поразличен стил од неговите претходни, но и овојпат тематиката е љубовна.

Младиот и талентиран охриѓанец Христијан Стојоски во студиото на ИН Продукција ја промовираше неговата најнова песна која носи наслов „Екатерина“. Станува збор за песна со љубовна тематика, за која што Христијан се јавува како комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот.

-Автор на оваа песна сум јас. Песната ја завршив пред две недели и решивме да ја промовираме кај вас. Малку го променив стилот, во помодерен стил е, да има нешто и за помладата популација. Песната е во интересен, брз и динамичен ритам. Исто како и претходните и оваа песна е љубовна, се опејува за една девојка Екатерина, па ќе оставиме да ја слушнат и да проценат дали ќе им се допадне или не, ќе ги кажат своите коментари.-истакна Стојоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Христијан вели дека навистина се потрудил оваа песна да испадне онака како што треба, надевајќи се дека ќе и се допадне на јавноста.

-Ја подготвував два до три месеци отприлика, кога видов дека се е во ред и како што треба решив да ја снимам во студио и да ја промовирам. Инаку за оваа песна не ми помогна никој, мое дело е, па се надевам дека ќе продолжам во овој стил, конечно пронајдов некоја средина. Да не биде и многу забавно, ни народно, модерно со македонски примеси.-додава младиот пејач.

Инаку, летниот период за Христијан е исполнет со бројни настапи, најчесто на семејните прослави во Охридско-Струшкиот регион.

Во продолжение погледнете го неговиот настап во ИН Продукција !

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*