Сашко Ристески со ново инструментално дело посветено на неговата хармоника

„Дивал инструментал“ е новото инструментално дело на Сашко Ристески со кое што тој сака да ја презентира неговата нова хармоника, која е италијански бренд, а се произведува во Србија.

Сашко Ристески важи за еден од најдобрите хармоникаши во земјава. Тој деновиве во студиото на ИН Продукција го промовираше неговото најново инструментално дело, со кое што пред публиката и јавноста сака да ја презентира неговата нова хармоника. Повеќе детали ни раскажа при интервјуто.

-Оваа композиција е наменета токму за презентација на оваа хармоника која е италијански бренд, а се произведува во Алексинац-Србија. Италински бренд е бидејќи сите делови се италијански и производителот на оваа хармоника е со долгогодишно искуство и има работено во едни од најпознатите брендови во Италија. За скоро време ќе има ваква хармоника и кај мене, бидејќи јас ги сервисирам и сум овластен за тие хармоники, така да поздрав до сите хармоникаши кои ги интересира нешто за оваа хармоника и сакаат да ја пробаат, за скоро ќе има кај мене и слободно можат да ми се обратат.-изјави Сашко, за естрадниот магазин Естрада плус.

Музичкото дело „Дивал инструментал“ е снимено во студиото на Славко Ристески во Прилеп, а гости се членовите на група Марифет кои се погрижија за аранжманот.

-Очекувам да биде доста слушано,а пред се прифатливо за уво.-додава Сашко при интервјуто за ИН ТВ

Инаку, Сашко на хармоника свири уште од неговата 5 годишна возраст.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*