Парични награди за победниците на изборот за Летен фолк хит во Новаци

И годинава ќе се одржи фестивалот за избор на Летен фолк хит. Ќе настапат голем број музички имиња од фолк сцената, а првите тројца натпреварувачи ќе добијат и парична награда.

Традиционално, како и секоја година во Општина Новаци ќе се одржи избор на Летен Фолк Хит. На фестивалот ќе настапат бројни музички имиња од македонската естрада, а годинава новитет е тоа што најдобрите тројца пејачи ќе добијат парична награда. Фестивалот и годинава ќе се емитува на сателитската ИН Телевизија и на уште неколку регионални телевизии низ Македонија.

За потсетување, минатата година во различни категории победници беа Благојче Стојановски-Туше, Елена Јовческа и групата Милениум.

Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од фестивалот може да се пријават во студио Пикси и ИН Продукција.

Инаку, фестивалот се одржува под покровителство на Општина Новаци.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*