Орце Стефкоски сними нов видео запис

Веднаш по враќањето од неговата голема Австралиска турнеја, Орце Стефкоски снимаше нов видео запис. И овој пат Орце се одлучи, видеото да го сними во Градешница, во соработка со ИН Продукција.

Познатиот пејач Орце Стефкоски, деновиве во соработка со ИН Продукција сними видео запис за песната “Градешничка кралица”. Снимањето се одвиваше на неколку локации во селото Градешница. Музиката и текстот се дело на Орце, а аранжманот е на Славко Ристески од студиото Про Саунд од Прилеп. Како што вели Орце, идејата за оваа песна е на неговиот пријател Стево Краљевски, македонец кој долги години живее во Австралија.

Во видеото, покрај Орце се појавува и Стево со неговата сопруга, но и Оскар бенд од Битола, кои важат за негови блиски соработници.

Инаку, Орце Стефкоски пред краток период се врати од Австралија, каде што ја оствари неговата турнеја и имаше бројни настапи пред нашите македонци во оваа далечна земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*