Интернационалниот музички фестивал Тра ла ла годинава одбележува 20 години постоење

Од 13-18 август ќе се одржи 20-тото издание на Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА 2019 Охрид и Битола, Македонија.

Учествуваат солисти од 14-26 годишна возарст од 22 држави. Интернационалниот музички фестивал ТРА ЛА ЛА оваа година го одбележува својот 20-ти јубилеј и е една од најуспешните манифестации од овој вид во цела Европа. Во досегашните изданија на фестивалот ТРА ЛА ЛА покрај учесниците од Македонија, земаат учество и репрезенти и делегации, солисти и вокални групи од Малта, Индија, Шпанија, Естонија, Велика Британија, Украина, Хрватска, Белорусија, Кипар, Бугарија, Латвија, Австралија, Бугарија, Русија, Албанија, Литванија, Романија, Србија, Јапонија, Косово, Полска, Италија, Словенија, Молдавија, Израел, Унгарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и многу други.

Проектот има за цел да придонесе во развојот на музичката култура во нашата држава и јакнење на натпреварувачкиот дух кај младите.

Со тоа се допринесува во афирмацијата на македонската и светската естрада, дел од партиципантите се учесници на голем број европски и светски манифестации како детската Евровизија, Сан Ремо џуниор, Славјански базар и многу други познати случувања. Фестивалот ТРА ЛА ЛА е член на Светската асоцијација на перформанси и уметости (World association of performing and arts) WAPA со седиште во Ерменија, а наскоро се очекува да стане член на Светската асоцијација на фестивали и уметности (World association of festivals and arts – WAFA). Соработува со преку 40-тина фестивали и организации ширум светот. Гала концертот ќе се одржи  на 17 aвгуст 2019, во Центар за култура, Битола, почеток 19 часот. Билетите се пуштени во предпродажба по цена од 200 денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*