Зоран Спасов ја промовираше “Срно моја”

Во студиото на ИН Продукција гостуваше Зоран Спасов, македонец кој живее во Швајцарија. Тој ја презентираше неговата песна “Срно моја”.

Зоран Спасов, иако живее во Швајцарија долги години ја негува македонската песна. Тој во студиото на ИН Продукција ја презентираше неговата песна која носи наслов “Срно моја”.

-Таа песна е снимена во 90-тите години. Јас сега направив преработка на песната. Одлучив да ја промовирам бидејќи песната е навистина добра, јас сум кантавтор и некако не ми се допаѓаше аранжманот, од порано како што беше снимена во студио со Горан Алачки, па сега решив да го променам аранжанот и ми го направи Сашко Велков. Ја снимивме минатата година, но тогаш немав време да ја промовирам, а сега кај вас премиерно ја претставувам. Затоа што живеам надвор од Македонија не можев да постигнам се, но ете сега дојде редот да ја презентирам.-

Како што вели Спасов, песната покрај на македонски, ќе биде снимена и на српки јазик.

Инаку, Зоран во моментов подготвува нова песна која ќе биде соработка со фолк пејачот Јордан Митев.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*