Ѓоко Јовиќ и “Енерџи бенд” неуморни во своите работни ангажмани, резервирани пред една година

Една година однапред се веќе резервирани, а важат за најбарани на нивните бројни настапи, било тоа да се свадбени свечености или останати веселби. Ѓоко Јовиќ и “Енерџи бенд” се во постојани работни нагажмани, секој викенд, но не изостануваат и тековните денови од неделата.

-Букирани сме за секоја месец, така да нашите ангажмани летоска се , сеповеќе надвор од Скопје, морам тоа да го признам. Повеќе сме стацонирани Струмица, Битола и останатите места низ нашата земја, истакнува Ѓоко.

 

 

Од самиот почеток на годинава Ѓоко  буквално неуморен, било да се работи за настапи и работни ангажмани или пак снимање на видео записи, кој во изминатиов период ги има доста. Секако, во меѓувреме ја имаше и австралиската турнеја каде се врати со позитивни впечатоци. Запрашан од каде ја црпи целата сила и енергија, Ѓоко вели:

-Искрено, никогаш не размислувам дали ми е потребна енергија. Дали ја немам енергијата? Дали сум изморе? Со самите настапи си го прават своето. Не само јас, можам да кажам и бендот сме сите изморени, но сепак сме спремни и во секој момент сме спремни. Синоќа се уверивте  и сами дека почнавме да го снимаме спотот во 12 по полноќ. Кога нешто се работи и човек има желба да работи, мислам дека може да се најде време за одмор, истакнува Ѓоко.

Неодамна Ѓоко заедно во соработка со ИН продукција го сними својот најнов видео запис за песната “Мила моја” која е со српски текст , наменета за тој пазар.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*