Стефан Ночевски во ИН Продукција го претстави неговиот чочек “Зик-Так”

Во студиото на ИН Продукција Стефан Ночевски го претстави неговиот чочек кој носи наслов “Зик-Так”. Снимен е во Австралија, во 2017та год, а Стефан смета дека сега е моментот да се промовира пред пошироката јавност.

Стефан Ночевски е млад и талентиран музичар кој свири на труба. Тој во студиото на ИН Продукција го промовираше неговото инструментално дело кое што е насловено “Зик-Так”. Станува збор за убав чочек кој што е снимен во Австралија, во студиото на Роберт Реџеповски.

-Чочекот е снимен уште во 2017-та година во Мелбурн, Австралија, но мислев дека сега е вистинскиот момент за негова промоција. Одлучив да го промовирам на сателитската ИН ТВ бидејќи сметам дека е најгледана телевизија во дијаспората, па преку неа ќе допре до поголем дел од јавноста. Очекувам овој чочек да им се допадне на гледачите и се надевам дека ќе биде доста баран пред се на моите настапи, но и кај моите колеги и соработници.-истакна Стефан, при гостувањето во ИН Продукција.

Инаку, Стефан потекнува од Макединија, но скоро 8 години живее во Австралија. Со музика се занимава од мали нозе, поточно од 10 годишна возраст. Во Австралија има голем број настапи, а соработува со македонски и балкански музичари. Специфично за него е тоа што настапува со бендови кои се различни, но во нивната музика имаат балкански примеси.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*