Елена Велевска плени со својата убавина

Позната е по своите слободни и жешки фотосесии. Така и овојпат прилепчанката Елена Велевска на едно егзотично место кај нашиот јужен сосед направи исклучително жешки фотографии.

Облечена во црно провокативно бикини издание Елена изгледа беспреконо убаво, женствено и доста привлечно. И покрај тоа што е мајка на три деца, Елена успева и посебно посветува внимание на својот надворешен изглед и нејзиното витко тело, а слободно можеме да кажеме дека годините во кои полека се доближува до четвртата деценија, не и можат ништо.

Помеѓу другото Елена е максимално работно ангажирана во летниот период со бројни гостувања и настапи ширум нашата земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*