По сkандалозната забpана за емитување на песните во Албанија, пејачката и упати јасна порака на албанската држава

Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ се огласи по забpаната да се емитуваат нејзините песни на јавниот сервис на Албанија (РТШ) од страна на албанското тело за аудио и видео медиуми.

-Не сум слушнала за забраната во Албанија. Сметам дека музиката не смее да има граници и бариери. Барем тоа е правило по кое се водам во текот на кариерата овие години наназад. Никогаш во своите песни не сум пренела политичка порака или омpаза. Секогаш е и ќе содржи само љубовни пораки бидејќи мојата песна ги спојува луѓето, како што и јас ги сакам сите луѓе, вели пејачката за српски Блиц.

Таа додава дека е голем патриот и го сака својот народ и секогаш ќе биде покрај него и додава дека тоа не значи дека некој друг мрази или не ги почитува луѓето од другите вери, боја на кожа или нација.

-Ќе ги замолам моето име да не го мешаат во тоа, мојата публика е разнолика и така и ќе остане. И ќе и пеам на мојата публика додека таа тоа го бара од мене, вели Цеца за српски Блиц.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*