Кристина Бела сними спот во Охрид

Добропозната ни е од шоуто Никад није касно каде што стигна до големото финале. Кристина Бела сними спот за нејзината втора песна, а видеото одлучи да го работи ИН Продукција.

Атрактивна пејачка, која што ќе ве засени со нејзината појава и пред се, извонредниот глас. Кристина Бела е добропозната на јавноста од познатото шоу Никад није касно. Таа деновиве во соработка со ИН Продукција, одлучи нејзиниот прв спот да го сними во прекрасниот Охрид.

-Бев во Австралија седум години, инаку живеам во Америка од 1996-та година. Имам многу пријатели од Охрид и Македонија, па одлучив да дојдам и да го видам градот Охрид затоа што сите ми рекоа дека е прекрасен град. И така кога дојдов првиот пат веднаш се заљубив во овој град, толку има прекрасни локации, мал град, а толку добри луѓе и големо срце има.-раскажува Бела, за гледачите на ИН ТВ.

Кристина вели дека песната “Хаљина Чежље е доста позитивна и брза румба. Таа за естрадниот магазин Естрада плус ни открива мал дел од приказната.

-Песната е доста интересна. Таа е компонирана од една жена која има голема душа и чувства за музика, Јасмина Јакшиќ, продукцијата е во Белград, но мило ми е што спотот е снимен во Охрид и се надевам дека оваа комбинација со Гранд ќе успее и дека ќе ја издадам песната која се вика “Хаљина Чежље”.

Приказната е љубовна, се зборува за некое место каде јас доаѓам и наводно мислам на мојата љубов која во моментот не е со мене, но знам дека ќе дојде повторно и знам дека повторно ќе бидеме заедно ако го сакам тоа.-додава Бела.

Инаку, Кристина е од Романија, но живее во Америка. Таа уште како мало девојче ги слушала и пеела српските песни, па затоа се одлучила да пее на српски јазик. Со музика се занимава веќе 20 години.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*