Анета Наковска прогласена за шампион читач уште во раните средношколски денови

Важи за една најчитана личност на естрадата но и за пејач кој долго време промовира големи хитови на македонската музичка сцена. Познатата Анета Наковска, уште во своите тинејџерски години била прогласена за шампион читач на ниво на град Скопје.

-Цел живот читам, од дете. Бев шампион читач прогласена на град Скопје, на мои 12 години. Тогаш ја добив таа 13-то ноемвриска награда, над 70 рекордери. Таа година за прв пат воведоа шампион читач, бидејќи не можеа да ме сместат меѓу рекордерите, бидејќи читав ненормално многу. Па за мене специјално ја доделија таа 13-то ноемвриска награда. Сепак, фала му на Бога, таа моја начитаност ми донесе многу во животот од аспект на тоа што повеќето мои песни јас лично ги имам напишано. Со леснотија пишувам и поезија и проза цел живот и знам да се искажам и изразам во зборувањето, истакнува Анета.

Помеѓу другото Анета е и одличен соговорник така што честопати е драг гостин во сите емисии каде што гостува. Нодамна Анета беше дел од големиот хуманитарен концерт кој се одржа во прилепското село Кривогаштани, а секако во периодов има и други бројни настапи ширум нашата земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*