Откажан концертот на Џенифер Лопез во Њујорк

Поголем дел од Менхетен синоќа остана без струја, по што организаторите мораа да го откажат концертот на познатата пејачка Џенифер Лопез и безбедно да ја евакуираат публиката од салата „Медисон Сквер гарден“.

Повеќе од 70.000 домаќинства минатата ноќ останаа неколку часа без струја, поради пожарот кој избувна на 64. улица на Вест Стрит и Вест Енд.

Мракот настанал веднаш откако танчарите на пејачката излегле на сцената. Пејачката ја смирила публиката, по што организаторите наредиле евакуација. Лопез за настанот објави на „Инстаграм“ и најави дека ќе закаже нов концерт.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*