Влатко голем гурман кој сам знае да го подготви уловот

Покрај тоа што важи за докажан  врвен пејач, фолкерот Влатко Алексовски значи и за многу добар гурман но и готвач. Имено сето тоа се должи на неговата втора љубов, ловот, каде што веќе повеќе од година дена е прв човек на ловечката Федерација на Македонија, а претходно беше цели четири години потпретседател. Како што сам вели, нема што немам уловено, но и сето тоа знам добро да го подготвам.

-Многу добар готвач сум. Бидејќи имаме семејна традиција. Мојот дедо долги години има држено кафеана и сите оние специјалитети што ги правеле таму, а бидејќи и тој беше ловџија, како дете сум растел со него и со тие совети и многу од тие рецепти ги имам запишано и денес кога сум слободен сакам да влезам во кујна и да ги приготвам. Најдобро што знам да спремам е ѓувеч од дива свиња, супа од фазан и каша со лук од див зајак. Тоа се моите три специјалитети, истакнува Влатко.

Како што дополнува Влатко секогаш при неговиот улов седнува со своите пријатели, роднини и другари да се направи добра гозба. Никогаш не сум седнал сам со моите да го зготвиме ловот, туку секогаш тоа го споделувам со блиски пријатели, вели Влатко.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*