Блаже најавува спот за новата песна

Младиот и мошне музички талентиран Блаже Билбиловски кој изминатиов период се појави на музичката сцена со своја песна, за само краток временски период Блаже повторно промовираше нова песна. Впрочем како што истакнува тој, потребно се многу повеќе да се промовира и твори нова авторска музика, за разлика од прпечувањето на веќе постоечките рефрени.

-Мислам дека младите се преоптоварени со турбо фолк кај нас, за жал, но и турбо фолкот е исто убав жарн. Ова мојата песна не е турбо фолк, пред се станва збор за строго поп жарн, но ритамот и басот  се со народен стил, истакнува Блаже.

Блаже не ја исклучува можноста да сними и видео запис за неговата нова песна, но со оглед на бројните музички ангажмани кои ги има, малку тоа ќе попричека.

-Тоа би било некаде од прилика подоцна. Планирам да направам видео запис за втората песна бидејќи според мене е многу убава тема и многу весела песна, но би било некаде на почетокот на септември, да не испадне да ветам на гледачите сега, затоа што планирам да одам и на одмор, додава Блаже.

Неодамна Блаже во ИН продукција ја промовираше својата нова песна која е насловена “Божица”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*