Традиционално и оваа година одржан бал на Охридското социјално друштво Св.Наум Охридски во Мелбурн

Традиционално и оваа година Охридското социјално друштво Св.Наум Охридски од Мелбурн, Австралија го реализираше Охридскиот бал, во познатата сала Емералд Ресепшн. Балот се реализира секоја година во претсрет на големиот христијански празник Светиот Наум охридски чудотворец, а годинава во преполната сала свои настапи имаа македонските музички ѕвезди Наум Петрески, Милован Секулоски, Оливера Коцева, заедно со инструменталистите Џевад Рамаданоски, Стефче Стојковски, Душко Божиноски, Круме Милески и Живко Ѓоргиевски.

Свое обраќање како и секоја година пред присутните имаше претседателот на друштвото Васко Ангелески кој пред се го изрази своето задоволство од огромната посетеност на балот, а истакна и тоа дека ваквите заложби ќе продолжат и понатака со цел и таму во оваа далечна земја во која живеат голем број македонци да се одржува традицијата и културата на македонските корени.

Посебно за истакнување е тоа што ова македонско друштво има голема хуманитарна мисија со оглед на тоа што во голем број случаи се помага на ранливи категории во Охрид, токму преку охридското социјално друштво.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*