Ед Ширан преку песна откри дека се оженил со другарката од детството

Британската музичка ѕвезда Ед Ширан открил дека  од неодамна е во брак со својата другарка од детството Чери Сиборн.

Популарниот пејач во интервју за  „ iHeartRadio“ зборувал за текстот на својата нова песна која ја снимил со Еминем и 50 Сент „Remember My Name”, во која Чери ја нарекува своја сопруга.

„Всушност ја напишав пред јас и Чери да се венчаме, но знаев дека ќе се венчаме пред песната да биде објавена“, изјавил Ед.

Ед и Чери се знаат од деца, но врската ја започнале во 2015 година, кога заедно  биле на забавата организирана од Тејлор Свифт во чест на 4 јули Денот на независноста на Америка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*