Зоре, Елена и Стојне се одмараат на грчките плажи

Трите познати музички имиња Зоре Мицевска, Елена Јовческа и Стојне Николова своите летни денови за одмор максимално ги уживаат на грчките плажи и острови. Дали нивниот заеднички одмор е договрен или пак сосема случаен не знаеме, но едно сме сигурни од она што може да се погледне на фотографиите од споцијалните мрежи тие буквално секој миг уживаат и максимално се опуштаат.

Претходно и трите имаа максимално напорен и работен период испонет со бројни музички новитети.

Познатата фолкерка Елена Јовческа изминатиов период во соработка со ИН продукција сними три нови видео записи а за скоро време го најави и својот нов албум кој ќе биде насловен “Машала”.

Исто така без пауза во музичките настапи и ангажмани беше и младата струмичанка Стојне Николова каде покрај постојаните свирки кои ги имаат со Бобан Мојсовски, таа успеа периодов да сними и видео проект во соработка со ИН продукција, а го најавува и својот прв авторски албум.

Што се однесува пак неуморната Зоре Мицевска, таа штотуку ги заокружи своите настапи во далечната Австралија каде што долги години живее и работи, па дојде во родната Македонија на максимално опуштање и полнење на батериите во летиот период.

Сепак, ваков одмор им беше повеќе од потребен, па девојки уживајте и релаксирајтесе во убавиот летен период кој е пред вас.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*