Лејди Гага е бремена, но не сака брак

Откако се заврши снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ овој пар не се симнува од насловните страници на медиумите. По излегувањето на филмот со месеци се шушкаше дека Лејди Гага и Бредли Купер се во врска, а во последните месеци сите тврдеа дека таа е главната причина што славниот актер ја остави руската манекенка Ирина Шајк.

Сега медиумите пишуваат дека Лејди Гага е бремена. Имено, во еден магазин излезе слика на која Лејди Гага и Бредли Купер ги држат заедно рацете на нејзиниот стомак. Оваа слика дополнително ги поттикна гласините дека пејачката е бремена, а според зборовите на магазинот „In Touch“ нема сомнеж дека детето кое Гага го носи е всушност на Бредли.

Во јавноста веќе одамна се шпекулира дека се заедно, а постојат сомнежи дека и бременоста на Гага е всушност вистинската причина поради која Купер ја остави Ирина Шајк со која ја има ќеркичката Леа.

Како што наведуваат неименувани извори, Гага се уште во целост не го преболела раскинувањето со поранешниот вереник Кристијан Карин, па така венчавката со Бредли Купер во овој момент не е нејзин приоритет.

Тие двајца по овој повод се уште не се огласиле јавно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*