Влатко Алексовски пејач и голем вљубеник во природата и ловот

Како што долго време успешно ја негува и пее македонската песна, така успешно застана и на чело на македонската ловечка федерација. Познатиот Влатко Алексовски на мошне успешен начин умее да ги спои овие две функции, каде едната максимално го опушта, музиката, додека пак другата како што вели ја знае и познава уште од малечки нозе, со оглед на тоа што потекнува од ловечко семејство.

-Кога дипломирав на техничкиот факултет во Битола, реков две лубеници под една мишка не се носат, факултетот го завршив, сега одиме на естрадата и во слободното време многу ја сакам природата, ќе купам оружје ловечко како алатка за да бидеш ловџија. После неколку години имаше избор во матичното ловечко друштво за ново раководство и како член ме поканија да присуствувам на изборното собрание, кога отидов таму сите едногласно предложија Влатко да биде претседател. Не се пронаоѓав тука, не сум имал таква желба, но станав претседател на ловечкото друштво, исткнува Влатко.

Како максимално посветен Влатко истакнува дека се повеќе се залага за зачувување на ловиштата во нашата земја, но и регулирање на правата на ловџиите. Тој не го крие фактот што честопати знае да излезе во природа, да се опушти на ловните терени низ нашата земја, и секако што е најважно да го подготви уловениот плен, каде се пофали дека знае многу добро да го зготви сето тоа во прекрасен гурмански ручек.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*