По 18 години љубов Кате и Трајче од група Соната добија бебе

Катерина Брезева и Трајче Бондиков од фолк-групата „Соната“ станаа родители. Кате роди девојче што ќе се вика Ана, а убавата вест за раѓањето на ќерката ја објави Трајче на неговиот „Фејсбук“ профил.

По цели 18 години љубовна врска, пред точно еден месец тие го кажаа судбоносното „ДА“, венчајќи се пред матичар. Ако минатиот месец беше невеста, шармантната Кате од овој месец е мајка! Или поточно, младоженците за неполн месец станаа родители!

Малата убавица го доби името Ана, а со нејзиното доаѓање на свет во една елитна скопска приватна клиника, дојдоа и првите честитки, се разбира од најблиските, роднините, пријателите, колегите…

Убавата вест за доаѓањето на ќеркичката ја соопшти Трајче на социјалните мрежи и напиша „Добредојде Ана“.

Честитки за Кате и Трајче од редакцијата на естрадниот магазин “Естрада плус”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*