Милица Кузманоска најави настап на “Лешочкиот фестивал”

Во својата досегашна богата музичка кариера, фолкерката Милица Кузмановска има отпеано бројни музички песни и како што вели не застанува тука, продолжува и понатака да пее македонска песна. Таа во периодов кој следува веќе се подготвува со своја песна да настапи на годинешното издание на “Лешочкиот фестивал”.

-Веќе се договаравме со колешката Сузана Спасовска за настап на Лешочкиот фестивал кој ќе биде во месец август. Мислам дека ќе има уште една соработка, што е многу битно, истакнува Милица.

Милица важи за една од поеминентните фолк пејачки во нашата земја која има долга музичка кариера. Бележи бројни настапи на повеќето фестивалски изданија како и неколку албуми со авторски песни.

Неодамна таа беше дел од јублиејниот концерт од 40 години на врвниот охридски хармоникашки виртуоз Гоце Џуклески со кој бележат исто така долгогодишна соработка на музички план.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*