Како поминува еден вообичаен ден за Влатко Миладиноски?!

И покрај бројните ангажмани, секогаш успева да најде време за своите најблиски. Влатко Миладиноски раскажува како поминува неговиот слободен ден.

Познатиот фолк пејач Влатко Миладиноски има голем број настапи и ангажмани во текот на целата година, како во нашата земја, така и надвор од неа. Но сепак, и покрај бројните обврски кои што ги има на музичко поле, тој секогаш пронаоѓа време за неговото семејство и пријателите.

-Секако дека се наоѓа време. Сега кога сме во Македонија, се е полесно не е страшно. Кога си надвор од државата тогаш е потешко, но досега се прави некој баланс. Мислам дека е во ред, може и подобро, меѓутоа е во ред.-истакна Миладиноски, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Влатко при неодамнешното гостување во ИН Продукција накратко ни раскажа како поминува за него еден слободен ден.

-Па секогаш различно ми поминуваат слободните денови. Кога сум со семејството одиме на прошетка, понекогаш малку и спортувам, одмараме на викендица. Морам да најдам време бидејќи сакам со моите пријатели, другари, кумови, роднини, со моите најблиски од моето семејство, брат ми, снаа ми и внучето. Така да секој ден ми е различен, меѓутоа гледам да балансирам и да не се оддалечам од никого и ништо, така да еве овие работи кои што ги набројав ми се повторуваат.-открива тој, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Влатко периодов го комплетира неговиот трет албум, каде што се сместени неговите хитови од последните шест-седум години. “Жени ме мамо”, “Се за тебе Софке”, “Ај да ојме Јано”, се само дел од песните на албумот, а носечка песна е “Велат не нема”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*