Хуманоста на дело-Бројни музички имиња на хуманитарниот концерт во с. Ропотово

Бројни музички имиња од македонската естрада настапија на хуманитарниот концерт кој се одржа во с. Ропотово, Прилепско. Насобраните средства ќе бидат наменети за доизградба на манастирот Св. Атанасие. Ни дождот не ги спречи пејачите и присутните гости, да бидат хумани и да помогнат колку што можат.

Голем хуманитарен концерт се одржа во дворот на ОУ Ѓорче Петров во село Ропотово, Прилепско. Средствата кои беа собрани од овој настан ќе бидат наменети за доизградба на манастирот Св. Атанасие од истоименото село. Ни лошото време, дождот и грмотевиците не ги спречија македонските фолк пејачи и насобраната публика, да бидат дел од концертот и да помогнат кој колку што може за овој православен храм. На хуманитарниот концерт настапија, Спасен Силјаноски, Дамјан Стојаноски, Јордан Митев, Сања Ристеска, Далибор Ѓошиќ, Снеже Радичевска, Ице Атанасовски, оркестар Маестрал и други. Еве што истакнаа дел од пејачите.

Додека другите се двоумеа дали да почне забавата поради дождот, јас и Дамјан одлучивме да настапиме и да испееме нешто во дует. Започна се прекрасно, јас се чувствувам навистина прекрасно, посебно поради тоа што настанот е од хуман карактер. Јас секогаш кога можам, гледам да бидам присутен на сите хуманитарни настани бидејќи хуманоста е најдобра човечка особина.-истакна фолк пејачот Спасен Силјаноски.

-Секако дека беше прекрасно да се учествува на овој настан, посебно поради тоа што се работи за православен храм и посебно ми беше мило. За првпат сум тука во Ропотово, атмосферата беше убава, одлично си поминавме и се надевам дека ќе се соберат голем дел од средствата.-вели Дамјан Стојаноски, надевајќи се дека манастирот за брзо време ќе биде готов.

-Одлично е расположението во Ропотово, одличен хуманитарен настан и ете на покана на организаторите задоволство ми беше и јас да допринесам со моето учество. Весела публика, весел народ кој што сака убава македонска песна. Така да, одличен настан.-изјави за гледачите на ИН ТВ, Јордан Митев.

-Прекрасно е, чест ни е што сме дел од оваа цела екипа. Чест ни е како верници, христијани што помагаме конкретно вечерва за манастирот Св. Атанасие во Ропотово. Се дружиме со нашите колеги, така да прекрасно беше иако времето малку не изненади, меѓутоа голем е Господ времето се поправи, така да мислам дека забавата ќе потрае.-велат членовите од Оркестар Маестрал.

-Навистина е прекрасно. Какво изненадување, дожд, грмотевици, без струја, но ете и камерата ќе покаже колку народот е хуман без разлика на сите пречки. Прекрасна вечер, со моите драги колеги завршивме огромна работа и драго ми е што и јас вечерва бев хуман овде во Прилепско.-вели Далибор Ѓошиќ.

-Навистина прекрасна организација вечерва, голем поздрав до организаторите и на одзивот на луѓето. Иако времето не не послужи, но ете веќе се отвори. Супер беше.-изјави пејачката Снеже Радичевска.

-Се работи за манастирот Св. Атанасие во село Ропотово, тој ни е тука само на 300  метри од селото. Прекрасно место за уживање, кој сака да си пронајде малку душевен мир да повели да дојди, а се надеваме дека откако ќе се доизгради и кога ќе се заврши се, ќе биде уште поубаво место и за одмор и за уживање.-истакнаОливер Лозаноски, организатор на хуманитарниот настан, кој се надева дека ќе бидат собрани доволно парични средства со што овој манастир ќе блесне во убав сјај и ќе стане уште поубаво место каде што православните верници ќе си го пронајдат својот мир, спокој и се разбира ќе уживаат на ова место.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*