Нов детски музички фестивал “Весели ѕвончиња” во Прилеп

“Весели ѕвончиња” е насловен новиот детски фестивал кој годнава за прв пат ќе се реализира во Прилеп. Поточно, фестивалот ќе се одржи во месец декември а предвидено е да настапат околу дваесетина дечиња, со свои песни. Како што истакнува уметничкиот директор на фестивалот Гоце Илиески –Балада, тој се јавува како комплетен автор на музиката и текстот на сите детски песни.

-Ќе има околу 15-тина песни целосен автор на песните, текстот и музиката сум јас, додека аранжманот е на Рубин Димкоски. Во однос на реализацијата повеќе може да каже Драган , бидејќи тој е главен организатор на фетивалот, а јас се јавувам во улога на уметнички директор, истакнува Гоце.

-Посебно ми е драго тоа што и на самиот почеток кога инициравме со Гоце оваа идеја постоеше одреден сомнеж дали ќе успееме, затоа што навистина станува збор за  еден голем чекор. Организирање на фестивал не е мала работа, морам да кажам дека почетоците како што се организираат се на максимално ниво. Задоволни сме од тоа каков е интересот кај младите. Идејата е одлично  прифатена, кога ја инициравме оваа идеја е тоа што децата чувствуваа потреба да се искажат на еден покреативен начин, истанува Драган Јанкоски од здружението “Академик”.

Во периодов кој следува течат сите потребни подготовки а идејата за овој фестивал да се одржува во месец декември како што вели Гоце, е да се поткрене уште повеќе целата предновогодишна атмосфера која владее во текот на овој месец.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*