Милица Кузмановска и Сузана Спасовска со бројни импресии од концертот на Гоце Џуклески и пријателите

Милица Кузманоска и Сузана Спасовска со пофални зборови за јубилејниот концерт на Гоце Џуклески. Оваа убава прилика ја искористивме да ги запрашаме за нивната долгогодишна соработка со овој маестрален музичар.

Дел од јубилејниот концерт на маестро Гоце Џуклески, покрај бројните музички имиња беа и едни од најпознатите македонски фолк пејачки, Милица Кузманоска и Сузана Спасовска. И двете истакнаа дека се презадоволни од атмосферата на оваа јубилејна вечер од нивниот колега Гоце и дека навистина прекрасно си поминаа.

-Прекрасно си поминав и како што можевте да видите имаше прекрасна атмосфера тука во Лескоец. Имаше прекрасни реакции од публиката и се гледа дека луѓето се желни за убава песна и убава музика.-истакна Милица.

-Секако дека ќе бидам дел од концертот бидејќи јас имам многу песни со Гоце, мојот драг колега, пријател и соработник. Имаме дури и заедничко аудио издание, а покрај тоа ние имаме навистина многу многу песни и токму затоа вечерва се мислевме која песна да ја отпееме бидејќи сите се убави.-вели Сузана, за естрадниот магазин Естрада плус.

Милица и Сузана за гледачите на ИН ТВ накратко раскажаа како започнала нивната соработка со Гоце.

-Сосема случајно беше нашето познанство, јас и кажав пред да ги испеам песни. Добив понуда од Гоце да си одберам од неколкуте песни кои што ми ги даде и јас одбрав нешто за кое најмалку Гоце се надеваше, меѓутоа ја дадовме на фестивалот Цветници, тоа беа моите почетоци, а песната се викаше Мој ангелу . Беше примена на фестивалот, ја отпеав и тогаш беше во живо и така сеуште ми буди убави спомени таа песна, убави сеќавања и посебно сеќавање на почетоците на нашата соработка со композиторот Гоце Џуклески.-објаснува Милица, додавајќи дека во периодот кој следи заедно со Гоце ќе подготват и ново музичко дело.

-Јас дури не се ни сеќавам, многу одамна чинам дека беше во Охрид некаде, каде што имавме некој настап и бевме на некоја летна тераса. Па од самиот почеток ние веќе знаевме дека можеме да соработуваме и потоа уште многу пати соработувавме и почнавме и со снимања и секогаш кога имаше некоја екстра песна, тој ќе ми се јавеше и секако не можев да го одбијам и да не ја снимам песната.-раскажува Сузана за гледачите на ИН ТВ.

Покрај соработката на музички план, тие велат дека со Гоце се и блиски пријатели па многупати знаат да си се состанат и да си помуабетат околу сите работи кои им се случуваат во нивниот живот.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*