“Класико бенд” периодов максимално резервирани

Тиквешкиот “Класико бенд” неодамна реализираа нов музички видео пороект со препознатливи кавер песни од овој крај. Тие помеѓу другото бележат и долго време на македонската музичка естрада, каде посебно ја негуваат македонската музика а во својот репертоар бележат бројни музички стихови од секаков жарн. Токму поради тоа тие се доста барани на бројните свадбени свечености низ целиот регион, особено сега во летниот период.

-Од мај месец до декември сме резервирани претежно на свадбените прослави и приватни забави. Не препознаваат во овој крај и тоа е добро, кратко истакнува Чеде, вокал од групата.

Како што најавуваат од бендот, веќе се во преговори за нивни настапи и надвор од нашата земја, периодов за настап во Германија. Претходно исто така “Класико бенд” бележат настапи и надвор во останатите европски земји.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*